Циклон се движи кон Македонија – пресврт од вечерва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зимата овој викенд и на почетокот од следната недела на балканот се враќа и тоа поради влијанието на силниот зимски циклон Ален кој ќе започне да го зафаќа регионот а кај нас ќе стигне денеска и вечерта кон недела.

Поради големиот пад на температурите и северниот ветер во регионот на повисоките места и на планините ќе има поинтензивни снежни врнежи со што на високите места снежната покривка се очекува да достигне дури и над 30 сантиметри, снег во регионот а особено во Босна, Хрватска и Словенија се очекува понекаде да паѓа и на висина помала од 1000 метри а исто така растат условите и за појава на утрински мраз кој и тоа како лошо ќе влијае врз земјоделието, анализира Славчо Поповски.

Во Македонија пак од доцна попладне и навечер па се некаде до вторник ќе има повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат поинтензивни и ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Локално ќе има и нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Во понеделник пак и тоа особено доцна попладнето и ноќта кон вторник поради големиот пад на температурите на воздухот на планините ќе има врнежи од снег со што се очекува формирање на нова снежна покривка, снежната граница таа ноќ има услови да се спушти на надморска височина од под 1500 метри а особено на повисоките места и на планините температурите се очекува да паднат и под нулата. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This