ЦИПРАС, БОРИСОВ И ВУЧИЌ СИ НАПРАВИЈА ПЛАН ВО НАШЕ ИМЕ: Македонија да се откаже од историјата и да го промени името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ципрас вели дека Македонија треба да се откаже од Античката историја , Борисов со поддршка за Заев за промена на уставното име на Македонија ова е епилогот од лидерската средба во Белград


Премиерот на соседна Бугарија на средбата на балканските лидери во Белград истакна дека треба да се најде решение за спорот за името кој Македонија го има со Грција. На средбата на која присуствуваа балканските премиери на Србија, Романија, Бугарија, Грција не беше поканет Зоран Заев иако изминативе месеци декларативно работеше на ,,подобрување’’ на односите со соседите. Како што се покажало многу пати низ историјата за судбината на Македонија секој пат решавале соседите зад затворени врати па токму тоа се случи и овој пат. Без присуство на претставник од Македонија главна тема на разговорите на оваа средба повторно беше Македонија.

Борисов во однос на отвореното прашање констатираше дека прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да и помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат некакви ултиматуми. Изјавата на Борисов дека проблемот со името мора да го решиме ја разбранува македонската јавност, граѓаните со право се прашуваат дали со ова изјава Борисов отворено се понуди да биде медијатор во спорот со името во пресрет на бугарското претседавање со европската унија?

Ципрас потенцираше дека постоја реални и позитивни очекувања во скоро време да се најде решение за проблемот со името, а ова зависи од тоа дали Македонците ќе се откажат од размислувањето дека се единствени наследници на Александар Македонски. Тој вели ,, Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека тие се единствени потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења тогаш и би можеле да најдеме заедничко решение. Ние сакаме да направиме иднина во која сите мирно заедно ќе живееме и соработуваме. Тоа што не дели е помало и го има помалку во однос на тоа што не соединува’’.

25 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This