ЦИПРАС ВО МОСКВА: Ќе ги јакне Грчко-Руските односи, економската соработка и руските инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Билатералните односи, економската соработка, руските инвестиции во Грција и можностите за зголемување на грчкиот извоз во Русија, регионалната улога на Грција како столб на стабилност и безбедност во регионот со акцентот ставен на Источниот Медитеран и Балканот, кипарското прашање, односите ЕУ- Русија се очекува да бидат темите за кои ќе разговара грчкиот премиер со рускиот државен врв за време на неговата посета на Русија, јави МИА од Атина.

Алексис Ципрас следниот петок, на 7 декември, ќе оствари официјална посета на Москва и ќе има средби со претседателот и премиерот на Русија, Владимир Путин и Димитриј Медведев.

Во грчката делегација ќе бидат и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција и генералниот секретар за меѓународни економски однос во грчкото Министерство за надворешни работи.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во Москва ќе пристигне два дена порано, на 5 декември како шеф на делегацијата што ќе учествува на мешаната министерска комисија Грција- Русија.

Во текот на летото имаше заладување во грчко –руските односи откако Атина, во јули протера двајца руски дипломати, а за двајца забрани влез во Грција. Еден месец подоцна, Москва одговори со „контра-мерки“ и забрана за влез во Русија за директорот на политичката канцеларија на тогашниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас и протерување на двајца грчки дипломати

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This