Ципрас: Горди сме на историскиот Договор од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот од Преспа, меѓу другото, го спомена премиерот на Грција, Алексис Ципрас, говорејќи за „големите области со историски карактер во кои грчката влада храбро чекори напред, паралелно со излезот на земјата од кризата“.

На почетокот од дводневниот состанок на Централниот комитет на СИРИЗА, грчкиот премиер во обраќањето пред неговите сопартијци, рече дека се горди на, како што рече, историскиот Договор од Преспа, но и решени дека ќе го финализираат.

-Тоа е првиот договор по рас падот на обединета Југославија во кој целосно се поразени нац ионализмите. Бидејќи преовладуваше чувството на солидарност, преовладуваше чувството на соработка, но и тежината на истор иската одгово рност кон нашите народи. И сакам уште еднаш да кажам дека сме горди за овој историски чекор и сме решени да го финализираме и ќе го финализираме – рече Ципрас, нешто што изнуди аплаузи кај членовите на централниот комитет на СИРИЗА.

Во продолжение грчкиот премиер ги спомена и оние кои на рад икален начин се против договорот меѓу двете земји.

– Рад икалните гласови што се бо рат против овој договор и од двете страни на границата, ја потврдуваат правилноста на договорот и дека добро направивме. Бидејќи оние кои викаат, оние кои урлаат се оние кои што сакаат Балкан на ом раза и кон фликт – додаде грчкиот премиер и објасни дека ова не се однесува на оние кои имаат различни мислења и приговори, туку на оние ек стремисти „кои сакаат Балкан на о мраза, а не Балкан на соработка“.

Алексис Ципрас рече дека јавниот дијалог за Договорот од Преспа од опозицијата и од опозициските медиуми во Грција, „го отворија капакот на канта за отпадоци на историјата и на површина донесоа смрдеа и екс тремни мра чни сили кои во Грција беа прот агонисти само во периоди на големи национални тра гедии и сили кои се хранат само од нац ионализмот и поделбата“.

Говорејќи за мобилизацијата на учениците и опсадите во средните училишта, Ципрас ги повика учениците што учествуваа да ја проучат историјата на Грција, а наставниците да им помогнат во изучувањето.

Грчкиот премиер рече дека она што е важно за иднината на земјата е дали Грција ќе биде современа, отворена, модерна, прогресивна или ќе се врати 50 години назад и ќе биде мизерна, затворена и ре гресивна.

– Клучен фактор во оваа голема би тка, како и во секоја голема би тка е новата генерација. Многу сериозно прашање е тоа што нашите училишта и младите се заразуваат од отровот на фаш измот и рад икалната десница. Секако не на степен како што го претставува рад икално-десничарс ката пропаганда, но е постоечки и загрижувачки феномен – рече грчкиот премиер и додаде дека културата на левицата нема да ги одведе до тоа да го скараат 16 или 17 годишниот ученик и нема да ги идентификуваат со „крими налната нео наци стичка б анда“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This