ЦИПРАС ГО ГУБИ ВЛАДЕАЧКОТО МНОЗИНСТВО: Поддршката за Ципрас и договорот од Преспа во Грција падна на 152 пратеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемите владини стравувања на грчката влада вчера попладне се остварија додека премиерот Алексис Ципрас беше на разговори во Лондон, по што веднаш е запалено „црвеното копче“, коментираат грчки весници денес.

Пратеникот на АНЕЛ, помал коалициски партнер на Сириза, Георгиос Лазаридис ја напушти коалицијата и сега мнозинствотото е сведено на 152 пратеника.

Ефемерида пишува дека лидерот на АНЕЛ, Панос Каменос веднаш му се јавил на Ципрас и неговите советници со намера да се направи план „за справување со кризната ситуација“. Намерата, пред се е да се спречат плановите на Киријакос Мицотакис и Нова демократија, за спроведување предвремени избори. А, тоа меѓу другото ќе значи дека договорот со Македонјиа за Скопје може да биде поништен

Едно од сценаријата кои се сега во оптек е избори да има наесен, односно пред да се ратифкува Преспанскиот договор.

Каменос, пак, од своја страна, со цел да спречи и други пратеници да го следат Лазаридис, побарал од него да го остапи парламентарното седиште, инаку ќе се смета дека е дел од планот на Мицотакис.

Дека станува жешко под Акропол кажуваат и зборовите на Ципрас од Лондон: „И покрај плановите, кои всушност постојат, и покрај глупавите планови на некои кои се обидуваат да ги остварат, владата ќе продолжи и ќе ја заврши својата работа во мандатот од четири години. Не умираме лесно. Јаки сме за да умреме“, порачува Ципрас.

Порпаролот на владата, пак, побрза да каже дека има и натаму големо мнозинство, кое е апсолутно стабилно.

Во ваква ситуација се поставува прашањето – а што со повикот дека Преспанскиот договор ќе се ратификува со 180 гласа? Дали Ципрас може да смета на златните резерви, особено по потегот на Лазаридис?

Ова прашањее се очекува да се избистри деновиве. Лидерот на Потами (Река) Ставрос Теодоракис ги демантираше наводите дека е согласен да биде „резервоарот на Сириза-АНЕЛ по заминувањето на Лазардис“. Но, ќе се води деновиве тешка внатрешна битка и во Потами, како и кај групата на независни пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This