Ципрас да ги објави сите податоци за тајните фондови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги поседува за располагањето со тајните фондови. Во соопштение под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, партијата нагласува дека она што го пишуваат медиумите во врска со раководењето со тајните државни фондови е важно политичко прашање.

– Господинот Каменос кој го обвини господинот Коѕијас за нетранспарентност во располагањето со доверливите фондови на Министерството за надворешни работи, треба уште денеска да ги објави сите податоци што ги има.

– Како и господинот Коѕијас, кој очигледно неслучајно побара да се проверат средствата со кои раководи Каменос како министер за одбрана. Управувањето со државните фондови не се однесува само на рамнотежата во Владата и на меѓусебно уценетите нејзини лидери, туку и на целото грчко општество. Владата и лично Ципрас треба на граѓаните да им дадат јасни одговори, се наведува во соопштението на Нова Демократија.

Нова Демократија повтори дека по заминувањето на Коѕијас, извесно е дека владата на Ципрас нема мандат да продолжи со имплементирањето на Преспанскиот договор и повика на гласање на недоверба и закажување нови предвремени парламентарни избори во Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This