ЦИПРАС ДО ТУСК: Многу е важно Македонија и Албанија да започнат пристапни преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер, Алексис Ципрас на својот фејсбук профил објави дека при средбата со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја истакнал важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство.

– Ручек со претседателот на Европскиот совет. Разговаравме за претстојниот европски совет, за Брегзит и за бегалската криза. Му ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за С Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство. Ја потенцирав потребата да се искористат санкциите, за кои одлучивме на минатиот совет против Турција за нелегалните активности во кипарската ексклузивна економска зона. На крај, му се заблагодарив за нашата конструктивна соработка во изминатите четири и пол години, напиша Ципрас на Фејсбук и објави фотографии од средбата со Туск.

Γεύμα με τον Πρόεδρο του Ευρωπαϊκού Συμβουλίου Donald Tusk. Κουβεντιάσαμε για το επικείμενο Ευρωπαϊκό Συμβούλιο, για το…

Posted by Alexis Tsipras on Wednesday, October 9, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This