ЦИПРАС ИМА МНОЗИНСТВО ЗА РАТИФИКАЦИЈА: Најавени масовни протести во Атина, Ципрас тврди дека има мнозинство за ратификација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на ПАСОК и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос смета дека грчкиот премиер ги направил неопходните чекори и има мнозинство во Парламентот и за ратификација на Договорот од Преспа и за доверба на Владата.

Мислам дека господинот Ципрас беше многу циничен и многу јасен во неговото последно интервју. Очигледно е дека регулирал, направил контакти, го сторил т.н. „грабнување“ на пратеници од Независни Грци, се приклучија и други пратеници од помалите партии, што се без традиција и без вредности, па така има мнозинство и за ратификација на договорот и мнозинство за гласање доверба, рекол поранешниот лидер на ПАСОК, во кусата изјава од Солун пред почетокот на промоцијата на неговата книга, пренесува АНА-МПА.

Венизелос додал дека она што го интересира Ципрас, „не е вистинскиот демократски легитимитет, вистинскиот однос со општеството, туку само да го продолжи останувањето на власт, што е на товар на перспективите за закрепнување на земјата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Против Договорот од Преспа и „за да се спречи предавство на Македонија“ т.н. „Комитет за борба за Македонија“, за следната недела, на 20. јануари закажа протест на атинскиот плоштад Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина.

Одново формираниот „Комитет за борба за Македонија“, кој го сочинуваат четири организации од кои две се на Грците од дијаспората, преку соопштение го најавуваат протестот, велат дека Грците „не отстапуваат ниту една буква од светото име на Македонија“.

– Владата вели дека Грците се убедени за придобивките од „договорот“. Да им докажеме дека прават грешка. Упатуваме општа покана до сите Грци да дојдат на уште еден голем собир во последен момент да се спречи предавство на Македонија, во недела 20 јануари, во 14:00 часот на Синтагма. Тоа е единствениот демократски начин да не го донесат за гласање во парламентот. Но, ако се осмелат да го сторат тоа, повторно ќе бидеме таму, соопштуваат од „Комитет за борба за Македонија“.

Тие додаваат дека историјата ќе ги запише пратениците кои личниот и партискиот интерес го ставаат над татковината и демократијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This