Ципрас и Заев денеска во Мостар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алексис Ципрас и Зоран Заев, заедно со нивните колеги од Црна Гора и Босна и Херцеговина, денеска ќе одржат средба во Мостар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, грчкиот премиер попладне ќе биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот.

АНА-МПА објави дека околу 20 часот се очекува во Мостар да пристигнат и македонскиот премиер и премиерот на Црна Гора, а 15 минути подоцна да се одржи квадрилатерална средба на лидерите, по што ќе прошетаат по Стариот мост.

– Потоа, Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја потпишат повелбата за мир и ќе бидат наградени од претседателот на Советот на министри, Денис Звиздиќ, наведува грчката новинска агенција и покрај тоа што македонскиот премиер беше награден на ланската манифестација и тогаш ја потпиша Мостарската повелба за мир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This