ЦИПРАС МУ ДАЛ ДОЗВОЛА НА ЗАЕВ: Може да го користи терминот „Македонски“, ама само за да успее референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев со секојдневните изјави и употреба на зборот Македонски ја доведува во прашање стабилноста на грчката влада и затоа се очекува на 10 август во Лондон да се одржи средба меѓу двајцата премиери на која ќе се определи динамика на обликување на јавното мислење за успешен референдум, се анализира во Грција, пренесе „Експрес.мк“

Може ли владата во Атина да покаже разбирање во обидот на Зоран Заев да спроведе Успешен референдумот, дозволувајќи му често да го употребува “забранетиот” термин Македонска за државните институции, прашуваат грчките медиуми блиски на СИРИЗА.

Јавните реакциите во Грција го обврзаа Никос Коѕиас официјално да реагира на оваа појава.

Тој неформално посочи дека причината зошто премиерот на Македонија ги користи термините кои произлегуваат од зборот Македонија како што беше случајот со “македонска армија”, е бидејќи договорот сé уште не е ратификуван и не стапил во сила. По негово стапување во сила, Заев нема да смее да ги употребува овие називи, објаснуваат грчките извори.

Практично со тоа владата на Ципрас на Заев му дава грејс период во кој може да зборува за “македонски” институции со цел неговата страна да победи на референдумот. Потоа се ќе се смени, се очекувањата во Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This