ЦИПРАС ОЧЕКУВА „ИНВАЗИЈА“ ОД МАКЕДОНИЈА: Грчкиот премиер очекува туристички бум при потрага за решение на спорот со името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција очекува рекорден број на туристи оваа година односно 32 милиони посетители.

На собирот на туристичката федерација на Грција, Ципрас рече дека податоците покажуваат дека приходите од туризмот во 2018 година ќе се зголемат за 12,8 отсто во однос на претходната година, објави новинската агенција АНА.

Грчката стабилност во регионот, кој е ранлив во услови на криза помогна за зајакнување на имиџот на Грција како туристичка дестинација, рече Ципрас.

Тој додаде дека потрагата по решение за прашањето за името со соседна Република Македонија што ќе биде прифатливо за двете страни е вистинскиот чекор во таа насока.

“Ние го третираме ова прашање со одговорност и патриотизам”, рече Ципрас.

Тој додаде дека Грција постојано се стреми да прави внимателни чекори за да се обезбедат интересите на земјата и зајакнување на нејзината слика на меѓународна сцена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This