Ципрас се извлече: Грчката влада го пpеживеа гласањето за довеpба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Грција пpеживеа гласање за доверба во парламентот кое беше побарано од премиерот Алексис Ципрас скоро две недели пред изборот за Европски парламент.

За владата на премиерот Алексис Ципрас гласале 153 пратеници од 300. Неговата лвечарска партија Сириза има 145 места во парламентот, но добил поддршка и од 8 независни пратеници.

Ципрас сакаше да добие поддршка од парламентот за да ја зајакне својата положба пред европските и локалните избори на 26. мај и парламентарните предивдени на есен.

На тридневната распpава што започна во средата попладне и траеше околу 29 часа, збор зедоа 112 говорници, меѓу кои и премиерот, лидерите на политичките партии и министри од Владата.

На гласањето му претходеше обраќање на лидерите на политичките партии, а pаспавата со говор ја заврши грчкиот премиер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This