ЦИПРАС СЕ РАЗНЕЖНИ: Вратоврската на Зоран не ми е во плакарот, туку во фиоката од моето бир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вратоврската на Зоран не ми е во плакарот, туку во фиоката од моето биро, за да ме потсетува на историскиот момент, на храбриот чекор напред за пријателство и соработка на нашите народи, што беше потпишувањето на Договорот од Преспа, вели грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во интервју за МИА, во пресрет на утрешната посета на Скопје.

Тој вели дека има богата колекција од вратоврски, подарок од низа лидери, но дека неговото јавно појавување, веќе е врежано, како што вели, без вратоврска.

Ципрас открива дека ќе дојде со 10 министри и со македонската Влада ќе се потпишат низа договори во различни области. Ќе се потпишат и првите одлуки на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за учебниците.

Од периодот на преговори пред да биде потпишан Договорот од Преспа, Ципрас вели дека најтешки биле последните денови.

-Договорот инспирираше многумина кои препознаа дека е изводливо да се решат меѓународните разлики со заемно почитување, обезбедувајќи ги своите интереси без да ја понижиш другата страна. Сепак, имаше политичка цена, бидејќи еден значаен дел од грчкиот народ беше и е сериозно загрижен за ова прашање. Наша одговорност – моја и на Зоран – е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња – додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This