ЦИПРАС: Славомакедонката Мирка Гинова – комунист беше првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во своето двочасовно обраќање пред пратениците околу ратификацијата на Преспанскиот договор, во едно речиси шокантен дел околу Граѓанската војна во Грција ја спомена и Мирка Гинова, Гинова, родена во Воденско се бореше во Втората светска војна, а потоа беше дел од ДАГ за време на Граѓанската војна во Грција. Таа беше стрелана во Ениџе Вардар во 1946 година од десничарската реакционерна војска. Македонската Мирка Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини.

Токму тоа го нагласи во својот говор Ципрас обраќајќи им се на пратениците на Комунистичката партија на Грција кои се жестоко против Преспанскиот договор. Тој ја спомена Мирка Гинова, нарекувајќи ја и со нејзиното македонско име и со неговата грчка транскрипција. Тој го спомена и законот со кој грчката држава им забрани враќање на македонските бегалци од Граѓанската војна.

Еве што кажа Ципрас:

„Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар, којшто членовите на КПГ го делеа во Ташкент на децата на славомакдонските борци на ДАГ. Не сакам да ги споменам ниту 70.000 бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983 година. Ниту Славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција. Со тие грижи што ги носите на совест ве оставам сами да се соочите“, изјави Ципрас. (Н.В.)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This