Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, објави видеопорака до граѓаните во Грција, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за преспанскиот договор и да се дознае вистината.
Со преспанскиот договор ја штитиме нашата Македонија. Го надминуваме стравот и го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, вели Ципрас во видеообраќање со наслов „Вистината за преспанскиот договор“.
Овој договор, нагласува Ципрас, е камен-темелник за балканското регионално пријателство, соработка и братството на народите, пренесе грчката новинска агенција АНА.
Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признаваат дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура на ниту еден начин не е поврзана со древното грчко наследство. Преку преспанскиот договор го признаваме државјанството, а не етничката група. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфстраструктурата и јавниот простор – рече Ципрас.
Видеопораката во траење од 107 минути вклучува и инсерти од потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија, како и делови од неодамнешниот говор на Ципрас за договорот, во атинската концертна сала. Договорот предвидува преименување на нашата земја во Република Северна Македонија.