ЦИПРАС: Aко СИРИЗА изгyби в недела, ќе има предвремени!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утрово потврди можно сценарио за предвремени параментарни избори во Грција следниот месец доколку владејачката партија СИРИЗА помине пoлoшo отколку опозициската Нова демократија.

Во интервју за националната ЕРТ, Ципрас рече дека гласањето за еевропарламентот, што во Грција ќе се одржи в недела, ќе ја покаже реалната слика која партија има поголема доверба кај гласачите.

“Во неделата не гласаме за влада, но очигледно ќе биде избор што ќе го следи Грција во следните години. Ако не ја добијам доверба, тогаш сè е отворено”, наведе Ципрас.

Според досегашните анкети, опозициската конзервативна Нова демократија на Кирјакос Мицоракис има предност од приближно 7 проценти во однос на партијата на Ципрас.

Редовните парламентарни избори во Грција треба да се одржат во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This