ЦИРКУЗ НА РОЧИШТЕТО ЗА „ТИТАНИК“: Јадранка Гулевска ocoмничeнa, oбвинeтa или cвeдoк на СЈО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното рочиште по предметот Титаник во судницата се случија чудни правни контроверзи. Сведокот на СЈО, Јадранка Гулевска, во вкрстеното испитување од страна на одбраната најпрвин негираше, а потоа призна дека била повикувана во две различни својства во СЈО

 

Најпрво таа потврди дека во СЈО дала исказ како обвинета, за што постои записник од месец февруари 2016 година. Откако со мимики и гестикулации од страна на Лиле Стефанова и беше предочено дека ова не им оди во прилог, судијата Шабани и дозволи уште двапати да одговори на истото прашање. Дури во третиот обид Гулевска призна дека била и како сведок најмалку двапати во СЈО за што постојат записници од декември 2016 година.

На дополнителното вкрстено прашање од одбраната Гулевска призна дека на тие две средби и била понудена спогодба од СЈО која таа ја прифатила но истата била усно реализирана. Со оглед на тоа дека ваквиот статус не е формално писмено регулиран одбраната и постави уште едно прашање. Дали усмената спогодба која Гулевска ја спомена е идентична како понудата на еден од обвинетите во Титаник која се состоела од парична наград од 100.000 евра во замена на статусот од осомничен во сведок како и Гулевска. На ова прашање Гулевска одби да одговори и вознемирено започна да гестикулира кон судијата.

За што станува всушност збор?

На почетокот од 2016 година еден од обвинетите во случајот М.П. добива директна финансиска понуда од 100.000 евра од страна на истражител на СЈО. Со оглед на упорноста на истражителот да се види со обвинетиот, обвинетиот го пријавува случајот во ОЈО и со помош на ПИ мерки се снима понудата на истражителот кој веднаш после доаѓањето на СДСМ на влат станува висок функционер во кабинетот на Оливер Спасовски. Истражителот во име на СЈО, а за конкретниот предмет кој го води Лиле Стефанова, му нуди на обвинетиот 100.000 евра да даде исказ пред судот на начин на кој му одговара на СЈО. Откако истиот е одбил, иако му било предочено дека друг осомничен во меѓувреме ја прифатил понудата, започнува вистинскиот пекол за обвинетиот.

Во меѓувреме Судот го прифаќа обвинителниот акт на ОЈО за оваа закана и закажува рочишта за овој случај за давање на исказ под закана. Откако денес ова беше обелоденето од обвинетиот, обвинителката Стефанова и предочи на одбраната да не се надева многу на тој случај бидејќи, а веројатно по нејзина насока, истиот ќе биде повлечен од судска постапка од самото ОЈО!

Ваквата спрега е директен доказ дека ниту процедура ниту било каква легална судска постапка им е потребна на обвинителите по предметите од СЈО за да ја докажат својата теза дека нивните обвинети се виновни по секоја цена. Одбраната побара сведокот да престане да се координира со гестикулации со вработената во СЈО Катерина Тунџева, со која беше цело време присутна и која најмалку 8 пати ја наведуваше со гестикулации како да одговори. Иако Гулевска излажа дека гестикулира со нејзината ќерка таа во моментот воопшто не беше присутна во судницата.

На крајот од рочиштето сведокот повторно со Тунџева ја напушти судската сала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This