ЦИРКУС ВО СУДНИЦА: Сведокот Симоновска си раскажува приказни и претпоставки од „рекла-кажала“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Циркус во судницата на случајот ,,Протести во општина Центар“. Обвинителството освен тогашниот градоначалник Андреј Жерновски, сега веќе заменик министер за надворешни работи од редовите на СДСМ, за свои сведоци си ги има повикано и предложено само членовите на советот на општина Центар од тоа време од редовите на СДСМ, претворајќи ја судницата во политичка арена на политички расправии од низок стил.

Денешниот сведок Цветанка Симоновска на почетокот гордо се пофали а потоа неколку пати повтори дека е член на СДСМ од основањето и дека вмровците ја ословувале со зборот ,,комуњарка“ а таа им врaќала со ,,вмровци“.

Симоновска со секој збор го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ повторувајќи партиски тези на СДСМ. Таквиот партиски настап на Симоновска на моменти беше проследен со бурно смеење во салата. Поранешната советничка се однесуваше како да е на дебата во советот на општина Центар, а не во судница. Сакајки да го набеди Никола Груевски, таа кажа дека верува дека протестите биле организирани од раководството на ВМРО, бидејки во нејзината партија СДСМ вакви протести не би можело да се организираат без знаење и координација на раководството на СДСМ. Со ова истата практично призна дека протестите во кои беа кршени стаклата и вратата на Град Скопје кога се менуваа имињата на некои улици, биле оркестрирани од врвот на СДСМ.

Сведочењето на Симоновска беше крајно контрадикторно. Најпрвин велеше дека полицијата е марионетска, за накратко да каже дека потоа дошла специјалната полиција и ги спасила.

Присутните останаа зачудени кога Симоновска кажа дека и пречело тоа што луѓето кои протестирале силно викале, имајќи предвид дека викањето е дел од секои протести во секоја нормална демократија. Таа изрази негодување и за други работи што се нормални во една демократија како што било барањето за поединечно гласање, односно дека советниците на ВМРО знаеле да се соберат околу претседавачот за усно да негодуваат за незаконското водење на седницата. Симоновска кажа и дека видела лица кои носеле домати и дека ја навредувала толпата нарекувајки ја антифашист. Сведокот се караше со обвинетите кога ќе и поставеа прашање, а кажа и дека не била навикната да работи во таква атмосфера на галама. На обввинетите кои протестирале им укажа дека не паселе овци заедно. Симоновска ги повтори партиските ставови на СДСМ, фалејќи го здружението Архибригада.

Симоновска изнесе и многу невистини. Кажа дека ги гледала советниците на ВМРО како користат телефони, па од тоа заклучила дека најверојатно тие ја координираат толпата. Потоа кажа невистина дека советниците на ВМРО повремено излегувале во толпата иако вратите биле затворени и забарикадирани од внатре. Кажа и дека неможела да препознае кои советници излегувале надвор меѓу демонстрантите бидејки сеуште не ги познавала. Кажа дека на некоја советничка и влегло парче стакло во окото, иако медицинската документација не спомнува никаво стакло.

Сведочењето на Симоновска беше полно со инсинуации. Таа изрази негодување и за други работи што се нормални во една демократија како што било барањето за поединечно гласање, или дека советниците на ВМРО знаеле да се соберат околу претседавачот за усно да негодуваат за незаконското водење на седницата. Кажа и дека видела лица кои носеле домати, и дека ја навредувала толпата нарекувајки ја антифашист. Таа се караше со обвинетите кога ќе и поставеа прашање.

Целото сведочење буквално беше врз бази на претпоставки, таа кажа дека ги гледала советниците на ВМРО-ДПМНЕ како користат телефони, и од тоа заклучила дека најверојатно тие ја координираат толпата. Дополнително таа рече ги гледала како советниците на ВМРО-ДПМНЕ повремено излегувале во толпата, иако вратите биле затворени и забарикадирани од внатре. Кажа и дека не можела да препознае кои советници излегувале надвор меѓу демонстрантите бидејќи медицинската документација не спомнува никаво стакло.

Во текот на вкрстеното исспрашување на сведоците, Симоновска беше прашана од страна на обвинетата Рангелова, која во тоа време била советник во Советот на општина Центар, дали по протестите Симоновска кога ќе ја види на улица срдечно ја поздравува и прегрнува, Симоновска рече: До денеска имам извонредни релации со сите колеги кои учествуваа, затоа што простувањето е дел од христијанството во кое вие верувате, одговори таа.

Интересно е што сведокот Симоновска кажа дека токму Шиповиќ е муватор и мувал нешто со Дуповите и оти немал поим што е ГУП, а што е ДУП. Инаку, плановите кои општината тогаш сакаше да ги стави вон сила, подоцна беа ставени вон сила, но уставниот суд ја поништи таа одлука, што значи дека граѓаните со право протестирале гледајќи дека советот работи неуставно.

Се на се, процесот за неудрените шамари се претвори во пародија и партиско препукување во судницата, со некредибилни сведоци кои се директни и јавни политички противници на обвинетите и сведочат крајно необјективно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This