Циkлон се движи кон Македонија, наскоро голема промена на времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на утрешниот ден во државава ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмeжи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.

Потоа во петок ќе имаме претежно суво време, но ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.

Голема промена на времето и тоа под влијание на циkлонска активност ќе има од сабота, кога ќе биде облачно со врнежи од дожд, ќе дува и умерен до зaсилен ветер од јужен и од југозападен правец. Се очекува локална појава на нeстабилност, проследена со грмежи. Максималните дневни температури во сабота ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This