ЦК НА УМС НА ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев во изминативе три години само ги лaжеше младите, веќе никој не му верува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЦК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница при што стана збор за актуелната политичка состојба и нејзиното влијание врз младите, при што беше констатирано дека оваа агонија на СДСМ мора да запре.

 

 

Интегрален текс од соопштението на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ви го пренесуваме во целост:

Денеска 03.11.2019 година, УМС на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на ЦК. На состанокот стана збор за актуелната политичка ситуација во државата и нејзиното влијание врз младите.

Централниот комитет на УМС констатираше дека Зоран Заев во изминативе три години само ги лажеше младите, но и дека повеќе никој не му верува. Младите се на страна на ВМРО-ДПМНЕ и се за промени на секое поле кои ќе ги донесе обновата на Македонија.

 

 

 

На состанокот на ЦК е забележано и дека власта која играше на картата на младинска иселеност, ништо не направи да ја смени таквата состојба и да го спречи иселувањето, напротив иселувањето е зголемено.

 

СДСМ во изминативе три години направи толку штета, што последиците се најголема младинска невработеност во Европа, како и лоши услови за стартување на бизнис и никаква мотивација на младите за останување во државата.

 

Агонијата која СДСМ ја предизвика во државата мора да запре.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ е отворена за сите млади луѓе во Македонија кои не се согласуваат со лошите политики на оваа власт.

 

Во периодот што следи младите треба да бидат тие кои ќе ги направат промените. Младите се тие кои што ќе ја предводат обновата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This