April 25, 2024, 10:42 am

ЦРКОВНАТА ПОЛИТИКА НА СВИТКНАТА КИЧМА НА МПЦ НЕ ВРОДИ СО ПЛОД: И украинската црква ќе добие афтокефалност пред македонска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вселенската патријаршија ја презеде одговорноста да реши едно од најкомплицираните прашања во православниот свет, а тоа е да прогласува автокефалност и да издава томос за новите црковни граници. Тоа е една од двете одлуки за кои досега во православието немаше изградено консензус, а беа донесени на последната седница на соборот на Вселенската патријаршија, одржана од 1 до 3 септември годинава во Истанбул, пренесува Нова Македонија.

Според неофицијалните информации во грчките и во медиумите во Украина, Вселенската патријаршија донела одлука да ја продолжи древната практика таа да биде промотор на новите автокефални цркви во православниот свет, нешто на што со години се противеше Руската црква.

Иако засега нема официјална потврда за ова, украинските медиуми повикувајќи се на свои информации тврдат дека Вселенската патријаршија веќе донела одлука да признае автокефална црква во Украина.

– Цариградската патријаршија има одговорност да ги става работите во црковен и уреден поредок, бидејќи само таа со благослов на црквата и вселенските собори го има овој висок и вонреден долг како мајка и авторитет на црквите. Ако Вселенската патријаршија ги отфрли своите одговорности и се оддалечува од меѓуправославната сцена, тогаш локалните цркви ќе одат како овци без пастир – изјавил Вартоломеј пред почетокот на соборот на Вселенската патријаршија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This