ЦРНАТА ЛИСТА НА САД: Тука можете да видите кои лица и организации од Македонија и Балканот се на црната листа на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Милорад Додик е новото име на „црната листа“ на американското министерство за финансии. од претходно на оваа листа се наоѓаат бројни лидери од различни албански организации, неколку офицери од Хрватска, некогашни официјални лица од Србија, неколку официјални лица од Босна и Херцеговина, додека од нашата земја, на црната листа се Љубе Бошковски и Мендух Тачи

1ambasada

Првата листа на личности и организации „под посебно набљудување, на кои им е блокиран имот во Америка“ била објавена во 2001 година од тогашниот американски претседател Џорџ Буш, објаснувајќи дека овие лица и организации се закана за мировните процеси на Балканот.

Албанската национална армија, која во 2003 година е вметната на листата како терористичка организација, како и нејзините лидери Гафур Адли и Идајет Бечити исто така се наоѓаат на американската црна листа, заедно со двајца пратеници од косовскиот парламент – Фатмир Лимај и Даут Харадинај.

Помладиот брат Рамуш Харадинај е на листата после конфликтот во Македонија, каде западните разузнавачки агенции го означиле како еден од главните организатори на поранешните борци на ОВК на македонскиот фронт.

На листата се и поранешниот регионален командант на ОВК Сами Љуштаку и Рустем Мустафа, Реџеп Сељими како и блискиот соработник на Хашим Тачи, Азем Суља, познат под прекарот Голем Чичко.

На листата неодамна се најде и лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, кој по лошите резултати на последните парламентарни избори во нашата земја, поднесе оставка.

Од оваа листа може да се избришат имињата на луѓе кои „поднеле барање во кое треба да достават аргументи или докази кои ќе бидат доволна основа за бришење од листата“.

Освен Балканот, црната листа вклучува поединци и организации од голем број на проблематични региони, Блискиот Исток, Северна Африка, Украина, Белорусија и Зимбабве.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This