ЦРНАТА РАКА НА ХУНТАТА СТАВЕНА ВРЗ СУДСТВОТО: Судовите обични извршители на политички нарачки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот и СЈО  по налог на Зоран Заев го местат случајот „Труст“. Тие не дозволуваат фер судење ниту дозволуваат соодветна одбрана за случајот. Коалицијата  „Сите за правично судење“ во извештајот за судењето за случајот Труст изнесе низа неправилности кои наведуваат на нефер судење и давање на предност на СЈО против одбраната на Сеад Кочан.

Имено, судот донесе одлука доказите предложени и од СЈО и од одбраната да бидат изведени само еднаш, како докази на СЈО. Тоа е во целосна спротивност на Законот за Кривична Постапка и не и дозволува на одбраната да го планира и определува редоследот на изведување доказите. Истото не само што е од значење во  докажувањето на невиноста на обвинетиот туку во голема мера може да влијае на судењето.

Покрај тоа судот донесе уште една спорна одлука: Сведоците и од двете страни да бидат изведени како сведоци на СЈО. Така според членот 384 од ЗКП во вкрстеното испрашување на сведоците одбраната нема да може да поставува директни прашања кон сведоците.  Прашањата кои одбраната смее да ги поставува се ограничени и мора да се однесуваат на прашањата кои претходно се поставени од СЈО.

Коалиција „Сите за правично судење“ во извештајот наведува дека спорен и е начинот на кој се изведуваат материјалните докази бидејќи СЈО  истите не ги изнесувало во целост ниту во кој контекст се однесуваат.  Ваквиот начин не и овозможува на одбраната запознавање во целост со доказите и ја спречува во правото на ефективна одбрана.

На крај се поставува прашањето: Зошто воопшто е предвидено изведување на материјалните докази на главната расправа, ако нивното доставување до судот и спротивната страна е доволно?

Коалицијата „Сите за правично судење“ го повикува судот на транспарентност на судските процеси и соодветно презентирање на доказите.  Тие  потенцираат дека фер е кога е фер за сите.

Адвокатката Алексиќ: Одбраната не ги прими сите докази на кои се повикува СЈО

„На минатото рочиште приговаравме дека она што беше ставено во листата на докази, односно предложено да се изнесе како доказ, не одговара со доказите што им беа доставени на одбраната од страна на СЈО“, изјави адвокатката на обвинетите во случајот „Труст“, Сања Алексиќ.

Таа рече дека извадиле листа на многу докази што одбраната воопшто ги нема примено. „Законот за кривичната постапка предвидува контрадикторна расправа. Ние цело време приговараме доколку одбраната ги нема примено сите докази на кои се повикува јавниот обвинител“, вели Алексиќ. Таа информира дека второ и третообвинетите цедето со докази го примиле на минатото рочиште и денеска се повикаа на приговорите во насока на тоа дека не се соодветствува листата на докази со она што им е предадено како доказен материјал од страна на СЈО.

„Одбраната имаше и приговор за сведоците. Во согласност со Законот за кривичната постапка одбраната има право да ги предлага како сведоци истите лица што ги предлага јавниот обвинител. Во конкретен случај на денешното рочиште приговаравме дека СЈО ги немаше предложено овие сведоци во листата на докази, туку имаше предложени некакви материјални докази и записници за прибирање известувања од овие два сведока во согласност со Законот за кривичната постапка. Нашето сфаќање и толкување на Законот не е предлог за вербален доказ“, изјави Алексиќ. Според неа, судот се произнел дека нема да дозволи одбраната да ги испитува сведоците во директно испитување, со што, според неа, е повредено правото на одбрана.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This