ЦРНА ГОРА СЕДИ НА НАФТА И ПРИРОДЕН ГАС: Според најновите истражувања на нафтените компании, Црна Гора е новиот „Кувајт на Балканот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црна Гора „седи“ на богато наоѓалиште на драгоцени ресурси од неискористен потенцијал во источниот дел а Јадранот, рекол Матиос Ригас, извршен директор на компанијата „Енергеан Оил енд Гас“

Извештајот на независниот проценител за блоковите во подморјето со кое управува грчката компанија „Енергеан Оил енд Гас“, ги потврдува проценките дека Црна Гора „седи“ на богато наоѓалиште на драгоцени ресурси од неискористениот потенцијал на источниот дел на Јадранот, соопшти главниот извршен директор на компанијата Матиос Ригас.

Како што соопштуваат од грчката компанија, според извештајот на независниот проценител, Црна Гора во подморјето има околу 51 милијарда кубни метри гас и 144 милиони кубни метри течни ресурси, што е еднакво на 438 милиони барели нафта.

„Во западниот дел на подморјето на Јадранот јаглероводороди, нафта и биогас, екстензивно се произведуваат веќе 50 години и сметаме дека истите тие лежишта се протегаат и во подморјето на Црна Гора“, рекол Ригас, потцетувајќи дека по истражувањта во Западна Грција во неговата компанија се стекнале со значајни знаења за геологијата на таа област.

Коментирајќи го извештајот на независниот проценител кој покажал дека црногорското подморје е потенцијално богато со нафта и гас, црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ рекла дека е додатна причина за задоволство тоа што ваквите проценки доаѓаат од независен проценител од Холандија

Освен „Енергеан Оил енд Гас“, истражување за јаглеродводороди во црногорското подморје врши и италијанско-рускиот конзорциум „Ени“ и „Новатек“, со кој црногорската влада потпиша договор во септември минатата година, а со кој се обврзуваат дека ќе направат три задолжителни и една услужна бушотина.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This