ЦРНА ГОРА: Ѓукановиќ повеќе нема да биде премиер

Поврзано

- Advertisement -

Извршниот комитет на ДПС по седницата со која претседаваше Ѓукановиќ соопшти дека ќе го номинира неговиот заменик во партијата, Душко Марковиќ, за премиерската функција

(Фото: novosti.rs)

- Advertisement -

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ повеќе нема да биде премиер на Црна Гора и покрај неодамнешната победа на парламентарните избори, соопшти неговата политичка формација, Демократската партија на социјалистите (ДПС).
Извршниот комитет на ДПС по седницата со која претседаваше Ѓукановиќ соопшти дека ќе го номинира неговиот заменик во партијата, Душко Марковиќ, за премиерската функција.

ДПС победи на сите 11 избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и поранешна Југославија пред 25 години, јави ДПА.
На 16 октомври партијата освои 35 од вкупно 81 мандат во Парламентот, при што за малку ги победите четирите опозициски партии, кои постигнаа консензус околу една единствена точка, соборувањето на Ѓукановиќ, кого го означија како исклучително корумпиран политичар.

Во текот на изборната ноќ Ѓукановиќ изјави дека ДПС ќе продолжи да владее со своите сојузници, малата Социјалдемократска партија и четворицата претставници на етничките малцинства или со вкупно 42 гласа во парламентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This