April 19, 2024, 12:13 pm

ЦРНА ГОРА ЈА СНАЈДЕ СУДБИНАТА НА ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Експанзија на Албанци од Косово и Ѓуленисти од Турција ја менува сликата на Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експанзијата на турските претприемачи во Црна Гора и растечкото присуство на Албанци, посебно оние од Косово, имаат геостратешки, а не економски причини и забрзано го менуваат етничкиот состав на земјата, тврди лидерот на Движењето за промени Небојша Медојевиќ

Поради тоа што политиката на Мило Ѓукановиќ е базирана на поделби, Србите и Црногорците стануваат лесен плен за било која странска сила која сака да се инсталира во Црна Гора. Со тоа, смета Медојевиќ, лесно можат да бидат загрозени стабилноста на земјата и виталните национални интереси.

Во претходните неколку години во Црна Гора забележан е се поголем број на знајачни внатрешни, а во последно време и надворешни мигранти и доселувања на население. Претседателот на Движењето за промени Небојша Медојевиќ вели дека во една мала земја од 630.000 жители ваквите процеси во перспектива можат да бидат опасни по етничка и демографска структура. Доста е веројатно актуелните миграции во Црна Гора да немаат економска, туку геостратешка логика, додав атој.

„Во последните година дена исто така се забележува и експанзија на турските претприемачи, а според моите сознанија, не се работи за економски интерес, туку за геостратешки процески каде буквално станува збор за ѓуленисти кои доаѓаат во Црна Гора, основаат фирми и масновно ги закупуваат деловните простории, купуваат недвижнини, плацови. Постои јасна назнака дека тие тука не доаѓаат поради економски интереси, туку сакаат да ја снема Црна Гора“, вели Медојевиќ.

„Во Стар град во Котор поголемиот дел од деловните простории се закупени од тие фирми, кои не се појавуваат директно, туку се доста внимателни. Државјаните на Турција за година дена на територија на Црна Гора основале вкупно 1.700 фирми. ВО прашање се турски бизнисмени, ѓуленисти, а со обзир дека е познато дека се во врска со специјалните служби на САД со кои заедно работеа тајни операции во Турција и регионот, тоа предизвикува сериозна загриженост“, истакнува Медојевиќ.

„Тие во Црна Гора сигурно не доаѓаат поради економски интерес. Црна Гора е сиромашна земја со мал пазар, и домашните претприемачи мака мачат своите компании да ги одржат во живот, а не да направат некој голем бизнис. Тука се крупни работи и големи пари резервирани само за тајкуните блиски до Ѓукановиќ“, објаснува Медојевиќ.

Од друга страна, Медојевиќ предупредува на тоа дека во Црна Гора во последните неколку години се етаблирал и пунктот на албанската мафија од Косово кој сега, како што тврди се наоѓа во Будва.

„Тука се работат големи градежни работи, очигледно со голем број на станови кои плански ќе ги купат Албанци од Албанија и Косово, а не наши Албанци од Црна Гора, кои исто така со години ја напуштаат Црна Гора“, вели Медојевиќ.

„Пунктот на албанската мафија во Будва е поврзан со ОВК и албанската мафија, додека 1.700 турски фирми наведува на јасен заклучок дека тука може да дојде до промена на демографската и етничката струткура и до зголемено влијание на некои странски фактори во Црна Гора преку новите жители кои тука не доаѓаат од економски причини или затоа што бараат спас во Црна Гора, туку од некои геостратешки причини“, смета Медојевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This