ЦРНА СТАТИСТИКА: Македонија лидер во региoнот по бројот на нови заразени и починати од Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е лидер во региoнот по бројките на нови заразени од Ковид-19 и мртви, во споредба со сите земји во регионот.

Црна Гора вчера објави дека го победила корона вирусот. Институт за јавно здравје, во таа земја нема нови потврдени случаи на ковид-19 веќе 20 дена и со тоа Црна Гора ја завршува кризата со вкупно 516 случаи и со вкупно 14 мртви на 1 милион жители.

Според податоците на worldmeters.info, во Македонија во последните 5 дена се регистрирани 70 нови заразени на 1 милион жители. Во Србија има 49, во Бугарија 24, во Албанија 17, а во Грција и Хрватска по 4 нови заразени на 1 милион жители во последните 5 дена. Грција и Хрватска практично излегуваат од кризата и затоа веќе наголемо се подготвуваат за летната туристичка сезона.

Македонија има 54 мртви на 1 милион жители и со оваа најзагрижувачка бројка, таа е апсолутен неславен шампион во регионот. Србија има 27 мртви на 1 милион жители (двојно помалку од нашата земја), а Хрватска, која има речиси занемарлив број новозаразени на дневна основа, има 24 мртви на 1 милион жители. Најмалку мртви (11 на 1 милион жители) се регистрирани во Албанија, анализира порталот.

Србија, која може да се пофали со најмногу, безмалку 25.000 тестирања на 1 милион жители, во овој момент бележи најголем број активни случаи на 1 милион жители – 582. Но, Македонија, со 12.129 тестирања на 1 милион жители, има 222 активни случаи на 1 милион жители. Блиску до нас е и Бугарија со 211 активни случаи, додека Хрватска има само 29 активни случаи на 1 милион жители.

Србија има 1.277 вкупно заразени на 1 милион жители, но загрижува фактот дека Македонија, со двојно помалку тестирања, бележи 949 вкупно заразени на 1 милион жители. Сите други земји во регионот се многу подобри од нас, а најдобра е Грција, со вкупно 276 заразени на 1 милион жители.

Неблагодарно е да се прогнозира што ќе се случува во наредните денови и недели. Некои експерти велат дека треба да се почека ефектот на масовните собирања во џамиите за верскиот празник Рамазан Бајрам, како и новите мерки што се очекуваат, а се најавени како релаксирачки.

Во секој случај, ако се потврдат најавите дека во средината на јуни земјите од регионот ќе ги отворат границите, се чини дека уште сега можете да планирате летување и на море. Каде и да одите, барем на традиционално најпопуларните дестинации – Грција, Црна Гора и Хрватска, но и во Албанија – ќе бидете побезбедни отколку дома. Ова, се разбира, под услов строго да ги почитувате правилата и препораките на земјите домаќини. Настрана од ова, имаме и силен мотив одморот да го поминеме во домашните туристички центри – ем ќе си бидеме дома, ем ќе го помогнеме развојот на домашниот туризам. Во Македонија, најголеми жаришта на заразата во овој момент се Скопје, Куманово, Велес и Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This