ЦРНОГОРСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ПОТВРДА: Груевски влегол во Црна Гора, и истиот ден ја напуштил земјата во дипломатско возило на Унгарската амбасада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот, Никола Груевски на патот кон Унгарија, поминал низ Албанија, по што влегол во Црна Гора.

– По повод наводите кои се објавени во медиумите, како и интересирањето на медиумите по ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дали поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, поради вистинитоста на информирањето на јавноста го објавуваме следново: Никола Груевски ја напуштил Црна Гора истиот ден кога влегол во нашата земја. Црногорската полиција во целост ги испочитувала законските процедури- се наведува во соопштението на управната полиција во Црна Гора.

Во соопштението нема детали од кој граничен премин Груевски заминал од земјата.

Претходно албанската полиција соопшти дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за Црна Гора на патот кон Будимпешта. Албанската полиција јави дека Груевски ја поминал границата преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, во возило во сопственост на унгарската амбасада во Тирана.

Албанската полиција додаде дека во периодот кога Груевски ја поминал границата, немало издадено меѓународна потерница по него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This