ЦРНОГОРЦИТЕ СО ПОДДРШКА ЗА КОСОВО: ,,Дијалогот на Србија и Косово мора да заврши со признавање на државата“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓу Косово и Црна Гора нема отворени прашања, а Црна Гора го поддржува дијалогот на Србија и Косово, како и секое решение околу кое двете земји ќе се договорат, се вели денес на заедничката прес-конференција на министрите за надворешни работи на Косово и Црна Гора, Беџет Пацоли и Срѓан Дармановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).

Пацоли и Дармановиќ прво одржаа посебен состанок, а потоа е одржан и состанок на делегациите на двете земји. Следуваше потпишување на договорите за соработка на двете министерства за надворешни работи и заедничка прес-конференција.

Црногорскиот министер Дармановиќ оцени дека односите помеѓу двете земји се одлични и дека можат да се унапредат економските односи. Тој изјави дека неговата земја го поддржува затворањето на отворените прашања во регионот, од кои едно е односот на Србија и Косово.

„Ние на нашите соседи им посакуваме добро, бидејќи нема да ни биде добро ниту нам, ако не им е на нашите соседи. Затоа сакаме Србија и Косово своите проблеми да ги решат на најдобар можен начин. Секако дека на крајот на тој пат се подразбира дека работата мора да се заврши со признавање на државата, но патот до тоа е веројатно долг. Што ќе биде во меѓувреме и кои решенија ќе доведат до финализација на проблемите меѓу Србија и Косово, тоа ние уште не можеме сосема да го видиме“, изјави Дармановиќ.

Тој, одговарајќи на прашањата на новинарите, истакна дека Црна Гора не се меша во внатрешните прашања на двете земји, но дека е подготвена да помогне доколку може.

„Имаме извесна загриженост околу можното решение базирано на размена на територијата, бидејќи тоа на Балканот не е секогаш најдобра идеја, но ако тоа биде добро за нашите соседи и доколку за тоа се договорат, ќе биде добро и за нас. Нашиот пристап е дека проблемите на Западниот Балкан треба да се затвораат, а не да остануваат отворени“, изјави Дармановиќ.

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, истакна дека двете земји немаат отворени прашања и дека членството на Црна Гора во НАТО е многу важно за безбедноста на регионот, но и за Косово како соседна земја.

Пацоли истакна дека придонесот на Црна Гора е видлив и преку симболичното учество на Армијата на Црна Гора во КФОР.

Тој истакна дека Црна Гора го поддржува Косово на сите меѓународни форуми, но исто така го поддржа членството на Косово во Интерпол и УНЕСКО, иако Косово не успеа да им се придружи на тие организации.

„Косово ќе биде на дневен ред на следниот самит на Интерпол во Јужна Америка. Иако со тешкотии, ќе бидеме на агендата и уште еднаш ќе ја побараме вашата поддршка, не само вашиот глас, туку и гласот на земјите блиски до вас“, рече Пацоли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This