ЦРНО ЕКОНОМСКО ТРИО: Економијата предводена од црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски бележи катастрофални резултати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На македонската економија и се случува вистинско цунами. Последнава година економијата предводена од црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски бележи катастрофални резултати. Нема економски раст, нема зголемени плати, нема нови инвестиции донесени до неспособниот економскиот тим на СДСМ., се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека единствено со што можат да се пофалат е отварање на нов погон на инвеститор договорен од владата на ВМРО-ДПМНЕ или чочек на автопат кој пред една година беше речиси целосно изграден од претходната влада, но поради неспособноста да поместат една бандера, граѓаните патуваа по небезбеден пат.

-За само 3 месеци Владата на СДСМ ги задолжи граѓаните на Македонија за над 300 милиони евра и за првпат јавниот долг ја урна психолошката граница и надмина 5 милјарди, а државниот 4 милијарди евра. Од овие нови задолжувања граѓаните не видоа ништо. Не се инвестира во ниту еден значаен капитален проект, а сите инвестиции започнати од претходната власт се прекинати или се развлекуваат. За време на најголемата економска криза владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да привлече над двеипол милјарди евра странски инвестиции и за тој период се отворија над 170 000 нови работни места со што невработеноста од рекордно високите 38% во 2006 се намали на 22% во 2017 година, се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека за време на владеењето на СДСМ не виделе никакво помрднување на полето на странските инвестиции ниту отварање на нови работни места.

-Македонија е на последно место по економски раст во регионот каде речиси сите соседи покажуваат значителни економски перформанси и го подобруваат стандардот на живеење на своите граѓани. Реализацијата на капиталните проекти е на минорни 7,5% со што во македонската економијата не се пуштаат доволнои пари за да може да се покрене нов економски циклус со кој би се подобриле условите за живеење на многу граѓани. Ваквото однесување на СДСМ не ја придвижува државата кон ЕУ и НАТО. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. Доаѓа нова надеж за Република Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This