ЦРН ЧЕТВРТОК ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Најголемиот буџет досега, но и најскап бензин, најмали плати и пензии и енормно задолжување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ го добива најголемиот буџет досега, но полза од тоа за граѓаните нема. Нема повисоки пензии и плати за вработените во судството или во градинките, ниту повеќе средства за капитални инвестиции. Ќе има повеќе пари за трошење на владините министри, но и поголеми даноци за граѓаните и фирмите. НБРМ ја ревидираше стапката за раст на пониско ниво, а Ројтерс објави ново задолжување со евро обврзница, пишува Економски.мк

Ова е црн четврток за и онака слабата македонска економија. Како што излезе во јавноста владата најави дека од 1 јануари владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари. На овој начин, доаѓа до сериозно поскапување на цената на дериватите на грбот на граѓаните, пишува порталот.

Со зголемување на акцизата и ДДВ-то цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари. Ова го соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна дебата на која се претставува Предлог-буџетот за 2018 година.

Со ова покачување ефектот би бил дополнителни 1,6 милијарди денари плус од ДДВ 350 милиони денари во буџетот а на товар на граѓаните.

Исто така денеска во своето соопштение Народна банка на Република Македонија ја ревидираше стапката за раст. Според НБРМ најновите проекции, за 2017 година е направена значајна надолна ревизија на очекуваната стапка на раст од 2,5% на 0,5%. Тоа е за цели 2 % помалку од првичната проценка и проекција. Ова укажува дека македонската економија е ослабена и дека постои нејзино уназадување. Лошите економски политики и прекумерните задолжувања кои не резултираат со вложувања во капитални инвестиции го дадоа својот резултат.

Понатаму, Ројтерс изјави дека владата на Република Македонија испратила барање до неколку меѓународни банки барање за доставување предлози за издавање на Еврообврзница во првата половина на 2018 година. Како што кажуваат и експертите со оглед на зголемените ризици во економијата, и оттука намалениот економски раст кој го потврди НБРМ , ова задолжување со евро обврзница би било многу скапо и ризично.
Додатно мора да се спомне дека новата влада на чело со СДСМ во своето пет месечно владеење ја задолжи земјата за 610 милиони евра односно за преку пола милијарда евра.

Новата влада на чело со Зоран Заев и Министерот Драган Тевдовски очигледно немаат капацитет за водење на земјата и економијата. Со погубните економски политики Македонија сигурно оди кон економски и финансиски колапс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This