April 27, 2024, 12:10 am

ЦУК: Можно е блокирање на патoт Тетово-Јажинце поради опасност од излевање на Непроштенска река

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обилните врнежи што ја зафатија земјава, предизвикаа зголемен водотек на „Непроштенска река“ во општина Теарце, поради што постои опасност од излевање и блокирање на магистралниот пат Тетово-Јажинце, информираат од Центарот за управување со кризи, за „Слободен печат“.

– Веќе сме во координација со Македонија пат, посочено им е да се ангажира екипа за да се исчисти речното корито што е можно побрзо. Активностите за расчистување ќе се одвиваат во зависност од состојбата на теренот. Останати поголеми проблеми поради невремето што ја зафати земјава, не се забележани, информира Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК смируваат дека успешно ја водат координативната улога помеѓу институциите за спасување.

– Ние не располагаме со ресурси, туку ја имаме координативната улога. Според тоа можеме да кажеме дека Дирекцијата за заштита и спасување е подготвена за евентуални несакани природни појави, и во секој момент може да реагира, а од друга страна направена е и координација со градоначалниците, додаваат од ЦУК, а апелираат и до граѓаните да не се движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да не престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и во случај на појава на грмежи и електрични празнења да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја поради опасност од гром.

Опасноста од удар од гром ја доживеаа и неколкумина посетители на плажата „Оревче“ во Охрид. Четворица се здобиле со изгореници, додека девет претрпеле шок или проблеми со слухот, соопшти охридската полиција. Настанот се случи вчера напладне, кога гром удри во езерото на неколку метри од брегот.

Од менаџерскиот тим на плажата истакнаа дека полесно повредени биле неколку гости кои седеле на три до пет метри од водата.

– Во моментот на громот воопшто немаше невреме или голем дожд, па затоа ништо не навестуваше дека ќе има таков силен удар. Веднаш реагираше спасувачот ангажиран од наша страна преку Црвениот крст Охрид, а на помош притрчаа и дел од гостите кои останаа присебни. За неколку минути паниката беше смирена, а неколкумина со лесни изгореници заминаа на лекарски преглед – велат од плажата „Оревче“.

Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите воглавно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес, како проблеми со слухот, дишењето…

Интервенирала службата за Итна медицинска помош и повредените се медицински згрижени во здравствените домови во градот.

Големо невреме имаше и во Пелагонија каде што во селото Живојно дојде до формирање на торнадо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This