April 24, 2024, 11:39 pm

ЦУЦУЛОВСКИ: Додека се остваруваат нечии „загрозени“ права, никаде ги нема правата на здрав и достоинствен живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери изјави дека едвај го чекал моментот собраниската седница да ја води на албански јазик. Оваа ситуација ја коментира професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил.

„ЕДВАЈ… Пред македонското Собрание, без око да му трепне, Талат Џафери изјави дека едвај го чекал моментот собраниската седница да ја води на албанси јазик. Тоа значи дека едвај чекал да не ја води/говори на македонски јазик, како да е македонскиот јазик туѓо тело во македонската држава.

Власта, како по обичај, молчи и ужива. Додека се остваруваат нечии „загрозени“ права, никаде ги нема правата на здрав и достоинсвен живот, како во Македонија да живее стока, а не луѓе.

Игор Дурловски и понатаму го третираат како терорист. Кој му е виновен што навреме не побарал амнестија? – беше забелешката на една битна персона во процесот против македонските „терористи.“ Дојде време во кое треба да се бара (всушност, моли!) невиност, пред и да се докаже нечија виновност. „Вози Мишко, до наредната пропаст“-пишува Цуцуловски.

ЕДВАЈ… Пред македонското Собрание, без око да му трепне, Талат Џафери изјави дека едвај го чекал моментот собраниската…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Thursday, January 31, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This