ЦУЦУЛОВСКИ: До кога овој цини3ам и ова лудило ќе траат не носат во гаcни комори, велејќи ни дека ќе не тушираат?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЦИНИЗАМ. Се чини дека во Македонија цинизмот нема крај. Бујар Османи им гарантира на Македонците дека нивниот јазик нема да биде 3агрозен во нивната држава, Република Македонија. Не знам од каде му е оваа потреба, бидејќи тоа е исто како некој граѓанин (сеедно на неговото етничко потекло) да им ја гарантира на Албанците безбедноста на албанскиот јазик во Република Албанија. Освен, во случај, ако навистина постои опасност за тој јазик.

Од друга страна, некои „наивно“ прашуваат во што е проблемот ако некој Кирил го нарекува Кирче. Навистина, нема проблем ако некој Кирил го нарекува Кирче. Меѓутоа, проблемот настапува оној момент кога Кирил ќе биде принуден самиот себе да се нарекува Кирче.

До кога овој цинизам и ова лудило ќе траат, тешко е да се каже, како што било тешко 1941 година да се каже до кога Третиот Рајх ќе трае. Сепак, тоа не било причина да прекине отпорот и легалната борба против тоа лудило и против тој невиден цинизам – да ве носат во гаcни комори, велејќи ви дека ќе ве тушираат.

П.С. Во меѓувреме, умно умните прозападни шарени глави (ако воопшто се знае што е Запад и кои се неговите вредности) „умно“ молчат, како да се занемени. Ако нешто кажуваат, тогаш тоа е повеќе пелтечење, отколку смислено говорење. Најчесто, дибеците се главните аналитичари, експерти и објаснувачи на сè и сешто и на уште понешто.

Љубомир Цуцуловски на својот ФБ профил

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This