ЦУЦУЛОВСКИ ЗА ПОПИСОТ: Без потпис, нема и веродостоен попис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук ги коментираше најавите на власта дека на пописот нема да има етничка и религиска припадност, како и најавите дека ќе немало хартија, но ќе имало лаптопи. Тој посочува дека ако нема потпис ниту пописот нема да биде веродостоен. Цуцуловски побара навреме да се реагира и одлучно да се спротистави јавноста на ваквите најави.

-ЌЕ НЕМАЛО… На пописот ќе немало хартија, но ќе имало лаптопи. Добро, ќе има лаптопи, но ќе нема каде попишаниот да стави потпис, со кој би ја потврдил веродостојноста на дадените податоци, бидејќи не е објаснето како попишаниот (ве молам, без двосмислено читање на зборот „попишан“!) ќе се потпише во лаптоп. Ако нема потпис, нема и веродостоен попис. Тогаш, кому е потребен попис без потпис? Или, сѐ се сведува на „Верувајте ми на чесен збор!“ на попишувачот, односно власта

П.С. За пописот, како и за многу новонајавени промени, треба да се реагира веднаш и одлучно, бидејќи искуството покажува дека накнадните реакции, вклучувајќи ги и протестите, се попусти, пишува професорот на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This