ЦУЦУЛОВСКИ: Не недостасуваат гласови за Северна туку има вишок на албански барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Љубомир Цуцуловски не верува во шпекулациите дека фалат гласови за спроведување на уставните измени за Северна. Имено тој потенцира дека со овие шпекулации имплицитно се вели дека се намалил бројот на пратеници кои се спремни за гласање за промена на Уставот, бидејќи одметнатите пратеници од опозицијата биле наводно разочарани. Според него ова е обична димна завеса која ја замајува јавноста од вистинскиот проблем, а тоа е вишокот на албански барања за поголеми правиа и ултимативните барања од Тиранската платформа.

-ИТРОШТИНИ. Според некои информации што доаѓаат до јавноста, доведено било во прашање изгласувањето на уставните промени, бидејќи за нив ќе гласале само 76 пратеници. Имплицитно се сугерира дека бројот се намалил, затоа што дел од пратениците, кои гласале за отварање на уставнит промени (одметнатите и исклучените од ВМРО), нема да го дале својот глас, бидејќи биле разочарани („разочарани“?) од некои постапки на власта. Меѓутоа, ако внимателно се следат настаните во Собранието, како и меѓупартиските односи, многу поверојатно е дека се работи за притисок на повеќето албанските партии, кои сѐ погласно притискаат за поголеми права на албанската задница во Република Македонија. Односно, станува збор за веќе познатите ултимативни барања од Тиранската платформа, плус и некои други. Сѐ се сведува на следново: „Ако ги сакате нашите гласови, ќе треба уште ‘малку’ да попуштите.“ Затоа, ми се чини дека е неуверлива тезата според која проблемот за изгласување на промените на Уставот е кај одметнатите пратеници на, бидејќи оној кој еднаш потклекнал и натаму ќе поткленува, како што и оној кој еднаш бил уценет и натаму ќе биде уценуван. Во тоа е, ми се чини, целата „мудрост“ и итроштина, со која власта се служи.
П.С. Текстот продолжува во мојот следен пост „Итроштини (2), пишува Цуцуловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This