ЦУЦУЛОВСКИ: Отворањето на Уставот е еднакво со отворањето на пандорината кутија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Еден од знаците за сериозност на една држава е токму стабилноста на нејзиниот Устав, но кај нас за жал Уставот често се менува по најразлични поводи. Последниот пат беше под присила, во 2001-ва година. Тоа беше под присилата на оружјето, на УЧК. Апсурдот, меѓу другото беше во тоа што во Рамковниот Договор децидно стои дека не се признаваат никакви ефекти или резултати што се постигнати под присила на оружје или било каква закана, а уставот беше променет токму под присила. Тоа се своевидни парадокси кои ми говорат, барем мене ми говорат дека треба да бидеме многу претпазливи околу менување на Уставот, но за жал се тргна во онаа насока во која што се тргна“ – ова е ставот на универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски кој  беше гостин во емисијата „Отворено“ на Алфа.

Тој го спореди отворањето на Уставот со отворањето на пандорината кутија. „Не случајно ја направив таа споредба дека отворањето на уставот е еднакво на отворањето на пандорината кутија бидејќи самиот мит сам по себе е интересен и може на многу начини да се интерпретира. Еден од необичните моменти околу самиот мит за пандорината кутија е тоа што кога Пандора ја отвора кутијата, излегуваат сите зла, но единствено што останува внатре е само надежта. Необичноста е што надежта ја бара меѓу злата или можеби надежта е зло. Самиот мит е доста инспиративен и затоа ме наведе да направам таква споредба бидејќи често пати луѓето не водат сметка дека кога нешто се отвора, не само што нешто може да излезе, туку и нешто може и да влезе. Во овој случај станува збор за Уставот.

Отворајќи го повторно Уставот, се отвораат можности, некои елементи да бидат исфрлени или избришани или корегирани или ревидирани и некои нови елементи да бидат внесени. Значи тоа е еден двонасочен процес, процес на менување на постојното, исфрлување на некои елементи и внесување на нови елементи. Во овој момент не би наведувал што се може да излезе, а што да влезе во уставот, бидејќи важно е самото отворање на Уставот. Зошто велат дека е тоа значајно и донекаде загрижувачки? Затоа што ако погледнете во некои од големите демократии или западните демократии, ќе видите дека многу ретко се менуваат уставите. Уставот на САД е донесен многу одамна и тој се менувал само со неколку амандмани кои ништо суштински не менуваат, туку само ги подобруваат работите“ – вели Цуцуловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This