Цeнитe нa нaфтата pacтaт ceдyм нeдeли пo peд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на барел нафта на лондонската берза порасна минатата недела, седми пат по ред, достигнувајќи ново ниво за три години, бидејќи се очекува побарувачката да продолжи да се зголемува, додека понудата е ограничена.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 1 отсто минатата недела, на 85,53 долари, и во еден момент достигна 86,10 долари, новото највисоко ниво во последните три години.

На американскиот пазар барелот порасна за 1,7 отсто на 83,76 долари, што е ново највисоко ниво од октомври 2014 година.

Зошто растат цените на нафтата

Зголемувањето на цените е придружено со растот на побарувачката за нафта, но и за други извори на енергија поради закрепнувањето на светската економија од корона-кризата, додека најголемите производители на „црното злато“ имаат релативно ограничено производство.

Дополнително, цените растат поради стравувањата од недостиг на јаглен и гас во Кина, Индија и Европа, што поттикна зголемување на цените на овие извори на енергија. Како резултат на тоа, некои производители на електрична енергија се префрлија од гас на поевтината нафта за греење и на дизелот.

Кина минатата недела објави дека ќе интервенира за да го запре зголемувањето на цените на јагленот и да обезбеди снабдување со електрична енергија во пресрет на зимата.

И покрај зголемената побарувачка, на почетокот на октомври Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, одлучија да го зголемат производството за само 400 000 барели дневно во ноември, како што беа договорени летово.

„Цените исто така би можеле да се зголемат бидејќи инвеститорите навистина немаат поттик да продаваат, со оглед на глобалниот недостиг од снабдување со енергија и фактот дека ОПЕК+ само гледа што се случува“,објаснува Луиз Диксон од „Ристад“.

Американскиот пазар, исто така, минатата недела реагираше поради податоците од Министерството за енергетика дека резервите на сурова нафта паднаа на 31,2 милиони барели, што е најниско ниво од октомври 2018 година.

Побарувачката во САД за бензин се чини дека продолжува да расте и во следниот период, заклучуваат аналитичари, посочувајќи на најголемата побарувачка во овој период од годината од 2007 година, и покрај високите цени на бензинските пумпи.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината, што се должи на зголемената побарувачка на нафта поради закрепнувањето на економиите, но и на одржувањето на производството на ОПЕК под нивото пред пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This