Цeнитe нa нaфтaтa нa нajвиcoкo нивo oд jaнyapи..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светските цени на нафтата се зголемија за околу 5% минатата недела и достигнаа највисоки нивоа во повеќе од една година, благодарение на надежта дека новите стимулативни мерки ќе го забрзаат закрепнувањето на американската економија и ќе го поддржат растот на побарувачката за „црно злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 5,3 проценти, на 62,43 долари, што е највисоко ниво од 22 јануари минатата година.

На американскиот пазар, пак, барелот порасна за 4,7 проценти, на 59,47 долари, што е највисоко ниво од 9 јануари минатата година.

Силниот пораст на цената на нафтата втора недела по ред се должи на надежта на трговците дека Конгресот на САД наскоро ќе го прифати предлогот на претседателот Џо Бајден за дополнителен пакет фискален стимул за економијата вреден 1.900 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This