Тие што ме познаваат, знаат дека нема сила што може да ме поколеба во напорите за разобличување на криминалните врски на криминалното подземје со припадници на полицијата и со политиката, вели директорот на БЈБ Митко Чавков во инервју за Република.
На прашањето дали го загрижуваат заканите и нападите од СЈО и СДСМ, Чавков вели:
– Прво, воопшто не ме загрижуваат ни црни кампањи ни закани со кривични пријави, останувам силно фокусиран на одбраната на професионалните принципи во работењето на македонската полиција и жестоко ќе продолжиме да задаваме силни удари на полициско-криминалните врски кои невешто се затскриваат зад политиката. Многу такви примери на оркестрирани тенденции сум имал во мојата професионална кариера, но тие што работеле со мене или тие што ме познаваат, знаат дека нема сила што може да ме поколеба во напорите за разобличување на криминалните врски на криминалното подземје со припадници на полицијата, но и врските на криминалното подземје со политиката, тврди Чавков.