ЧАВКОВ: Спречивме повеќе намери за бегство на обвинетите од Диво насеље

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мно­гу па­ти до­се­га ка­ко и при пос­лед­но­то су­де­ње бла­го­вре­ме­но сме пре­ве­ни­ра­ле и откри­ва­ле оби­ди за про­ту­ра­ње мо­бил­ни апа­ра­ти и сме пре­срет­ну­ва­ле на­ме­ри за бег­ство, тврди директорот на БЈБ Митко Чавков во интервју за неделникот Република.

На прашањето дали има вистина во информациите објавени во некои медиуми де­ка не­о­дам­на е спре­чен обид за до­ста­ву­ва­ње ло­ка­тор до еден од об­ви­не­ти­те во „Ди­во На­се­ље“ – уред кој по­доц­на, нај­ве­ро­јат­но, тре­ба­ло да се иско­ри­сти при евен­ту­а­лен обид за нив­но ос­ло­бо­ду­ва­ње, Чавков вели:

–  Со ова пра­ша­ње ја до­пи­ра­те ви­стин­ска­та ре­ал­ност за акту­ел­ни пра­ша­ња во де­лот на на­ци­о­нал­на­та без­бед­ност на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, но и пра­ша­ња по­вр­за­ни со ре­ги­о­нал­на­та без­бед­ност. Обез­бе­ду­ва­ње­то на оваа те­ро­ри­стич­ка стру­кту­ра во за­тво­ри­те и за вре­ме на суд­ски­те ро­чи­шта се по­се­бен пре­диз­вик за без­бед­нос­ни­те си­ли кои ви­со­ко про­фе­си­о­нал­но, ка­ко и до­се­га, се спра­ву­ва­ат со раз­лич­ни­те пре­диз­ви­ци по­вр­за­ни со нив­ни­те на­ме­ри за бег­ство ка­ко и со нив­ни­те оче­ку­ва­ња за под­др­шка од над­вор за ре­а­ли­зи­ра­ње на нив­ни­те це­ли – бег­ство од прав­да­та. Мно­гу па­ти до­се­га ка­ко и при пос­лед­но­то су­де­ње бла­го­вре­ме­но сме пре­ве­ни­ра­ле и откри­ва­ле оби­ди за про­ту­ра­ње мо­бил­ни апа­ра­ти и сме пре­срет­ну­ва­ле на­ме­ри за бег­ство. Но, и по­крај сил­ни­те уда­ри на Ми­ни­стерс­тво­то пре­диз­ви­ка­ни со не­за­кон­ски­те про­ме­ни, ка­ко и со кр­ше­ње­то на про­це­ду­ри­те и стан­дар­ди­те за ра­бо­та, ја уве­ру­вам ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка, ка­ко и до­се­га, не­ма да доз­во­ли­ме да ја вов­ле­чат ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја да се су­дри ме­ѓу се­бе ни­ту да се су­дри со гра­ѓа­ни­те, впро­чем тоа ве­ќе го до­ка­жав­ме со ви­со­ко про­фе­си­о­нал­но од­не­су­ва­ње при обез­бе­ду­ва­ње­то на та­ка­на­ре­че­на­та „Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“ ко­га мно­гу па­ти бев­ме по­ни­жу­ва­ни и пре­диз­ви­ку­ва­ни со цел да не вов­ле­чат во сце­на­рио на ма­ла гру­па лу­ѓе кои ги зло­у­по­тре­би­ја мир­ни­те про­те­сти на по­ве­ќе­то, вели Чавков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This