ЧАВУШОГЛУ: Ако не бидат укинати визите, ќе го суспендираме договорот со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот за бегалците може да биде стопиран пред крајот на оваа година

Фото: ЕПА

Турција ѝ се закани на Европската Унија дека ќе го стопира Договорот за бегалците и пред крајот на оваа година, доколку Брисел наскоро не ги исполни барањата на Анкара и не ги укине визите за турските државјани за патување во ЕУ.

– Нашето трпение е при крај – изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во интервју за швајцарскиот весник „Ное Цирхер цајтунг“. 

– Чекаме одговор од ЕУ овие денови. Доколку не стигне, ќе ја откажеме спогодбата – предупреди Чавушоглу.

Турција според него реагирала на барањата на Брисел и подготвила измени на својот закон за борба против тероризмот, што ЕУ го постави како еден од критериумите за визна либерализација.

– Се придржуваме кон Договорот со ЕУ и очекуваме тоа истото да го стори и Европа. Доколку тоа не се случи, ќе ја суспендираме Спогодбата со ЕУ и во таа област – додаде тој.

На прашањето кога тоа може да се случи, Чавушоглу изјави дека Турција веќе претходно го споменувала крајот на октомври како можен рок.

– Секако нема да чекаме до крајот на годината – нагласи шефот на турската дипломатија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This