April 19, 2024, 10:10 pm

Чавушоглу: Понудата за преговори е дадена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Атина и Анкара ќе ги продолжат разговорите, по неколкугодишен прекин. Разговорите  ќе продолжат во јануари и тоа во Тирана. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес конференција потврди дека упатил официјална понуда до Грција за продолжување на разговорите за Средоземното море.

Чавушоглу додаде дека се надева дека Грција нема да ја одбие понудата.  Анкара и Атина, обете членки на НАТО, не се согласуваат за  нивниот континентален гребен во Медитеранот, а имаат и други поморски проблеми.

Двете земји одржаа околу 60 рунди разговори, до 2016 година, кога преговорите запреа. Тензиите се покренаа минатата година кога турски истражувачки брод пристигна во источниот медитеран, но по реакциите на Грција се врати во турските пристаништа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This