ЧАДИКОВСКИ КОНТРА НАУМОВ: Новинарите одлучуваат кој ќе го преземе кормилото на ЗНМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓу двајца кандидати денеска новинарите кои се членови на ЗНМ, ќе бираат кој ќе биде новиот претседател на Здружението на новинари на Македонија .

Копј ата ќе се кршат меѓу Младен Чадиковски и Стојанче Наумов. Како што беше соопштено пристигнати се и 29 кандидатури за членови во управниот одбор, шест за членови во Надзорниот одбор и 4 за членови во Советот на честа.

10 часот е терминот кога ќе почне изборното собрание на ЗНМ а тоа ќе се одржува во спортската сала „Борис Трајковски“.

Младен Чадиковски во моментов е главен и одговорен уредник во Телевизијата 24 вести а претходно беше директор во неделникот “Фокус“ .

Чадиковски претходно работеше во приватната А1 Телевизија се до нејзиното затворање.

Стојанче Наумов пак доаѓа од Канал 77.

Чадиковски: „Мојата кандидатура произлезе од разговорите со повеќемина колеги, некои од нив во самото ЗНМ. Работата е многу повеќе одговорна, одошто атрактивна, особено сега кога ЗНМ е силно здружение. Но, се прашувам дали е доволно само ЗНМ да биде силна организација. Не, мислам дека е многу поважно новинарството да биде силно, новинарската професија да си ја врати атрактивноста“, кажа кандидатот за претседател на ЗНМ.

Наумов пак ветува дека ќе се залага за одвоеност на сопственоста, управувањето од уредувачката политика, внатрешни кодекси и статути во редакциите, јакнење на саморегулаторните и регулаторните тела, соработка со маркетинг секторот и огласувачите, иницирање на кодекси и правила на однесување кај огласувачите на пазарот на реклами.

Но и медиумска писменост и гласно јавно зборување и посочување на пропагандистите се дел од активностите поместени во програмата на Наумов доколку новинарите му ја дадат довербата да го води Здружението следните четири години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This