ЧАДИКОВСКИ: Се подготвува Регистар на професионални онлајн медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на саморегулацијата на онлајн просторот, во предлог-планот на Владата се спомнува зборот корегулација што, според претседателот на Здружението на новинари и в.д главен и одговорен уредник на телевизија „24“, Младен Чадиковски, имплицира на промена на закон во овој сегмент.

-Ние сметаме дека во оваа кревка демократија, рано е тоа да се прави. Сите сме за тоа да се почитуваат професионалните стандарди, посебно во онлајн сферата, каде што се и најголем дел од производителите на лажни вести и каде што најмногу се кршат стандардите. Но, мора да истакнам дека веќе неколку месеци во подготовка е план за саморегулација на онлајн медиумите, кој го работиме со Советот за етика и Стопанската комора на Македонија, при што ќе се изготви регистар на професионални онлајн медиуми. Сето тоа ќе го искомуницираме со бизнис заедницата, за на крајот на денот да добиеме што повеќе професионални медиуми и портали, а бизнис-заедницата да има правилни насоки за тоа каде треба да ги пласираат своите реклами и адвертајзинг кампањи, во однос на професионалноста на медиумите, а не во однос на тоа каква уредувачка политика има. Бидејќи каква и уредувачка политика да има, мора да се држи до професионалните стандарди, вели Чадиковски за еМагазин.

Стандардите за тој регистар ќе ги направат во консултација со професионалните медиуми, а истиот тој треба да биде готов до крајот на годината. Очекуваат поддршка од професионалните медиуми, а идејата е барем полупрофесионалците да се доведат во ред.

„Потребно е таа професионализација да се издигне на повисоко ниво и бизнис-заедницата, маркетинг агенциите да ја прифатат како таква. Секогаш ќе постојат рекетари, но за тоа си постојат членови во кривичниот закон, уцена, изнуда, крадење авторски права, но, проблемот е што нема примена. Судството нема големо искуство со тоа, а и како да нема волја да спроведе практики што функционираат. Има исклучоци, скопскиот суд конечно ги прифаќа тужбите за онлајн медиумите. Тоа е и еден од начините на признавање на онлајн медиумите како медиуми, затоа што голем дел од фелата тоа го бара“, објаснува Чадиковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This