ЧАНТИТЕ СО МИЛИОН ЕВРА БИЛЕ ОДНЕСЕНИ ВО ВЛАДА: Во „Луи Витонот“ во кој беа собрани милион евра, Боки13 и Кичеец ги однеле во Влада?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двете чанти „Луи Витон“ во кои беа спакувани еден милион евра од рекетот кој Орце Камчев му го платил на Бојан Јовановски – Боки13 и Зоран Милевски-Кичеец биле опремени со следачи (ГПС уреди) кои сигналот за позицијата каде се наоѓаат го испраќале до службата која ги следела чекорите на злосторничкото здружение во кое е вмешана и шефицата на СЈО Катица Јанева

Снимката што денеска се појави во Италија, има една клучна алатка во докажувањето на тоа КОЈ стои зад рекетот што го прават Боки 13 и Кичеец, пишува Миленко Неделковски за „Дудинка“.

Имено, се работи за брендираната чанта Луј Витон во која се ставени милион-и-пол евра во банкноти под 100 евра. Толку е тешка што дури и набилдан момак ко Кичеец едвај ја тегне! – додава Неделковски.

Проблемот што го имаат рекетарите и нивниот Капо е што во таа торба имало поставено “тракер”. Односно GPS уред што лоцира точно каде е чантата во одреден момент.

Документирано е од страна на службата што ја прави целата акција за разоткривање на криминално-рекетарската шема, дека откако Боки и Кичеец пешки доаѓаат до своето ауто и заминуваат со него, СЛЕДНОТО застанување на возилото е во гаражите на Владата на Република Македонија.

И таму, Луј Витон се задржува подолго време.

За чанта опремена со ГПС уред претходно пишуваше и порталот „Вечер“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This