ЧАРЛС Е НОВИОТ ВЛАДЕТЕЛ: Принцот Чарлс е новиот поглавар на Комонвелтот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на земјите од Комонвелтот денеска на средбата во Виндзор одобрија принцот Чарлс да ја наследи неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, на чело на Комонвелтот, пренесува “Скај њуз”, повикувајќи се на неименувани извори.

Ројтерс истакнува дека пред тоа се барало лидер на Комонвелтот да е ротирачка позиција помеѓу 53-те земји-членки, од кои повеќето се поранешниот британски територии, но на крајот кралицата, британската влада и другите лидери го поддржале принцот Чарлс.

Елизабет е на чело на Комонвелтот откако го презеде престолот во 1952 година. Сепак, оваа позиција не е наследна и некои сметаат дека би било посоодветно за 21. Век на ова позиција да седне некој кој не е член на кралското семејство.

Кралицата Елизабета, која утре полне 92 години, во четвртокот рече дека се надева дека нејзиниот син и наследник еден ден “ќе ја продолжи важната работа која нејзиниот татко ја започна во 1949 година”.

Британската влада го поддржа принцот Чарлс како наследник на неговата мајка на позиција лидер на Комонвелтот.

Функцијата шеф на Комонвелтот во голема мера е симболична, но кралицата вложи огромен труд за да преживее оваа организаиција.
Кралицата Елизабета II ја посетила речиси секоја земја-членка, некои членки и по повеќе пати, за време на 66-годишното владеење пренесуваат од АП.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This