ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА ЗА БРЕГЗИТ: Британската иднина заложник на бopбата за превласт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште 50 дена до излегувањето на Велика Британија од ЕУ, а уште никој не знае како и дали воопшто тоа ќе се случи, пишува Си-Ен-Ен.

Оваа раскрсница го доведе до очај претседателот на Европскиот совет, Доналд Тук, кој неодамна изјави дека постои посебен круг во пеколот за оние кои се залагаат за Брегзит без планн за негово спроведување.

Неговите зборови иако контроверзни, сепак се вистинити.

Како што наведува СИ-Ен-Ен, запрепастувачки е што британската иднина е заложник на долготрајно препирање на политичари со спротивни идеологии.

Тереза Меј, која се задржа на премиерската функција нејзината политика е најголемото политичко фијаско што се памети, денес е на пат за Брисел за повторно да преговара за клучните точки од Брегзит.

Долниот дом во британскиот парламент минатата недела гласаше за алтернативни опции за „Бекстоп“, што е главен проблем во преговорите.

„Бекстоп“ е идеја да се остави отворена границата меѓу Велика Британија и Ирска, доколку Британија ја напушти ЕУ без спогодба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This