April 26, 2024, 10:13 pm

Чеда Јовановиќ е дојден во Македонија да му помогне на СДСМ за втор круг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски од Инфомакс во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборувајќи за изборите, истакна дека она што го загрижува е што ќе се случува во вториот круг, посебно по изјавата на премиерот кој ги нарече гласачите зло затоа што не гласале за СДСМ.
„Со таков речник, очекувам дека во вториот круг ќе имаме така, посеризно расклинкана кампања, сериозно расклинкан изборен процес, особено пак по информацијата дека во Македонија, уште во понеделник пристигнал Чеда Јовановиќ од Србија, кој е лидер на групите на ЛДПИ, Шарените и слично. Тука е во Македонија, а знаеме дека Чедо Јовановиќ работеше заедно со Зоран Заев и со таа клика таму нели кога рушеа режим. Мислам дека дојден е тука баш со таква цел, да се организира, можеби не неред, но шема на поткуп, носење на гласачи, подбуцнување луѓе, закани уцени, за да се направи подобар резултат од оној што го имаа во првиот круг“, откри Митовски.

Чедомир Јовановиќ се шпекулираше дека ќе биде нов советник на премиерот Заев

Јовановиќ е еден од најконтроверзните политичари чие богатство се мери во милиони евра. Неговата кариера почнува како лидер на движењето „Отпор“ кое учестуваше во протестите против Слободан Милошевиќ.

Неговото име се поврзуваше и со врски со Земунскиот клан во деведесеттите години.

По падот на Милошевиќ тој се фрла на бизнисот има десетина фабрики и е познат по своите егзотични патувања од каде редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This