Чедомир Јовановиќ повторно xоспитализиран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на српската Либерално демократска партија, Чедомир Јовановиќ, денеска повторно е хоспитализиран.

Неговата сопруга Јелена Јовановиќ за „Танјуг“ изјави дека тој прво бил примен во ковид-амбуланта, по што бил пренесен во болницата „Драгиша Мишовиќ“, каде што попладнето му биле извршени детални анализи на белите дробови, срцето и стомакот, со цел да се утврдат причините за влошената здравствена состојба. 

Тој е сместен во одделот за хирургија. 

„Б92“ објави дека Јовановиќ е свесен, комуникативен и е во стабилна состојба. 

Јовановиќ беше позитивен на коронавирус во јули лани и разви тешка пневмонија, поради што беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This